Рико Верховен, кој е светски шампион во кик-бокс во тешка категорија на познатата и најголема организација во овој спорт – „Глори“, се обидува да дојде до врвот, но на поинаков начин – киното.
Холандската ѕвезда на социјалните мрежи сподели фотографија на која зјапа во познатиот рид над Лос Анџелес на кој пишува „Холивуд“.
„Гледајќи што е следно“, напиша Верховен на објавата, алудирајќи на посериозна кариера на филмското платно.
Кикбоксерот има искуство во филмската индустрија. Пред само неколку дена стана познато дека работи на нов филм!
Верхувен има искуство, учествуваше во 6 филмови од 2015 година.
Кон крајот на февруари и почетокот на март, глобалната филмска платформа Амазон прајм објави филм за легендата на кик боксот. На 28 февруари беше премиерата на филмот, насловен „Рико: Смело сонувај“.
Документарецот го следи животот на светскиот шампион во кик-бокс Рико Верховен додека тој со нетрпение го очекува следното поглавје во неговата кариера. Филмот е достапен за гледачите од 4 март на платформата „Amazon Prime“.