Рико Верховен покажа голема почит кон Бадр Хари.
Хари загуби во трилогијата од Алистер Оверем минатиот викенд. Бадр водеше на поени, но 2 нокдауни во 3-та рунда ја решија борбата во корист на Алистер по одлука на судиите. Верховен влезе во рингот и се соочи со „Рем“. Двајцата ќе се борат за титулата на Глори во 2023 година.
Хари влезе во серија од 5 порази по ред. Тој не победи во неговите 7 борби во Глори. Бадр двапати се бореше со Верховен и водеше на поени, но двете борби ги загуби поради повреда. Очигледно Рико ја оставил кавгата со Бадр зад себе и решил да му покаже почит што ја заслужува.
„Големите борби се градат на ривалства. Тоа го имавме со Бадр Хари. Ваквите моменти го покажуваат човекот зад борецот. Создадовме историја и го вративме кик боксот на мапата.
Не бевте вие, не бев јас – тоа бевме ние. Исто како што рече, си требаме еден на друг за да продолжиме работите да се движат. Благодарам за убавите зборови и за сите неверојатни битки.
Твојата битка не тргна како што сакаш, но ТИ СИ ЖИВА ЛЕГЕНДА!!! Никогаш не се сомневај во тоа!“, напиша Верховен.
По борбата со Оверем Хари објави дека планира да стави крај на кариерата.
View this post on Instagram