Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Фабрицио Вердум, сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.
На крајот на минатиот месец 43-годишниот Бразилец се врати на победите по победата над Александар Густафсон. Ова беше последна борба од договорот на Бразилецот со УФЦ, при што категорично објави дека нема да остане со нив.
Вердум изминатите две години беше на одмор затоа што доби казна од УСАДА и побара од организацијата да го ослободи, но тие одбија. Сега е слободен и пред себе има многу опции. Во интервју за ММАЏанки, Вердум рече дека се двоуми меѓу ОНЕ и Белатор.
„Чекам уште една недела и ќе кажам нешто за мојата иднина. Го сакам Скот Кокер, кој е мој пријател. Ме покани на вечера. Ми се јави и јас исто така го повикав. Скот е добра личност, а јас го сакам Белатор. За сега сум на половина пат помеѓу ОНЕ и Белатор.
Можам да се борам со Федор Емелијаненко во Белатор или Брендон Вера во ОНЕ Шампионатот. Вера ми е син и го победив во 2008 година. Дефинитивно се плаши од мене. Ќе одам во ОНЕ и ќе му ја земам титулата. Тој само може да ми ја даде титулата без борба. Вера, само дај ми ја титулата“, рече Вердум.
.@FabricioWerdum vs. Fedor 2 is a hot topic, but the former UFC champ has another rematch in mind with his "son" Brandon Vera (@Verafied).@MMAJunkieJohn's interview: https://t.co/CNeF3t36nJ pic.twitter.com/iXrjGjmBVS
— MMA Junkie (@MMAJunkie) August 23, 2020