Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Фабрицио Вердум излезе со свој став за средбата на Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор на УФЦ 229 во октомври.
Тимот на ТМЗ го сретна 41-годишниот легендарен борец на аеродромот во Лос Анџелес и го праша какви се неговите предвидувања за мечот.
„Мислам дека Хабиб ќе го убие Конор Мек Грегор“, рече Фабрицио.
„Сигурно.“
Вердум рече дека реално гледано, Хабиб е одличен борец и има појака градба од неговиот ирски противник.
Борбата е закажана за 6 октомври во Лас Вегас.