Вердум е подготвен за реванш меч со Федор Емилијаненко (ВИДЕО)

Фабрицио Вердум е подготвен да му даде реванш меч на легендарниот Федор Емелијаненко.

Минатиот викенд, Вердум се справи со Александар Густафсон и го заврши со армбар/ лост на рака. Ова беше последна битка од договорот на Вердум со УФЦ и нема намера да остане кај нив. Поранешниот шампион е подготвен за нови подвизи и сака да направи уште еден дуел со Емелијаненко.

Тие се бореа во јуни 2010 година во Калифорнија, каде Бразилецот со победа го шокираше светот. Вердум успеа да го совлада Федор со завршница и ја прекина легендарната серија од 27 последователни победи. Сега Вердум е отворен за каквибило понуди и верува дека сите ќе сакаат да видат реванш со Федор 10 години подоцна.

„Да, сакам 100% реванш со Федор Емелијаненко. Многу го почитувам и сакам да му дадам уште една шанса да се бори. Ова ќе биде приказна. И двајцата се боревме пред 10 години. Мислам дека сега 10 години подоцна сите ќе сакаат повторно да видат ваква битка. Не знам каде, но дефинитивно сакам да се борам против него затоа што го почитувам. За мене, тој е најдобриот борец на светот.

Не можам да зборувам за себе и да се дефинирам како најдобар. Ако навивачите велат така, тогаш ќе бидам среќен. Мислам дека победникот на третата битка меѓу Кормиер и Миочиќ не треба да биде прогласен за најдобар во историјата. Миочиќ е добар шампион, но не и најдобар на сите времиња. Федор е најдобар за мене“, изјави Бразилецот за со РТ Спорт по победата во Абу Даби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON