Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ ја забележа третата победа за само неколку месеци, поведувајќи италијанскиот боксер Данило Станоче. Мечот во Јагодина се заврши во две рунди, а Ражнатовиќ доминираше.
Клучниот напад се случи во втората рунда, кога тој го прати противникот на подот, а судијата ја прекина,прогласувајќи го Србинот за победник со технички нокаут. Италијанскиот боксер не можеше да стане, а лекарската екипа брзо реагираше. Нокаутираниот боксер на носилки беше изнесен од рингот и пренесен во болница.
Вељко, кој е син на починатиот Жељко Ражнатовиќ – Аркан, пред неколку месеци ја започна боксерската кариера, а ова беше негова трета борба и трета победа.
https://youtu.be/uwv3dOlIHb4
.