Великаните живеат вечно – Димче Кичевски!

Пред две години на 8 август почина легендата на македонското карате Димче Кичевски кој остави неизбришлива трага во карате спортот.

Еден од каратистите кој најмногу се дружеше со него се до неговата смрт е Димче Јанковски, кој е заведен како каратист број еден во Карате федрацијата на Македонија, односно членска книшка борј 1:

„Денес почнува третата година без човекот за кого каратето беше начин на живот. Мојот имењак и пријател, Димче Кичевски е во просторот на вечноста.

Славиме јубилеј на спортот, 50 години без човекот кој се вгради во историјата на спортот. Плановите што ги правевме за прославата на овој голем јубилеј ќе останат нереализирани.

Немаше сегмент во кој немаше земено учество, почнувајќи од претседателската функција, преку тренерската вклученост, завршувајќи со подготвеноста својата надмоќ да ја докаже на борилиштата.

Почетоците ги имавме пред пет децении. Но, последните, скоро десет години од неговиот живот, ги помина активно во КК Аеродром и стана голем поддржувач на клубот и вадорју стилот (иако тој беше шотоканец-н.з).

Карате клубот Аеродром остана без еден тренер кој имаше солиден придонес и пристап кон членовите и нивните родители. Ние, како раководен тим на клубот, имавме завидна соработка на спортски план и приватна дружба која недава за право да го заборавиме.

Во секој случај, Кичевски ќе остане во историјата на карате спортот, како и во историјата на Карате клубот Аеродром.

Великаните живеат вечно“!

Ipon.mk/В.Д

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON