Олимписката шампионка во џудо во Рио, Мајлинда Келменди, вчера се врати во Косово по остварувањето на историскиот успех за себес и за Косово, кое првпат учествуваше на Олимписките игри. И беше приреден величествен пречек.
Покрај семејството, на приштинскиот меѓународен аеродром ја пречекаа официјални лица на Косово и многу граѓани.
Славењето на медалот продолжи со парада по лиците во Приштина, кои беа преполни со народ за да ја поздрават најдобрата светска џудистка, а таа од отворениот автобус им отпоздравуваше. Сепак, тоа не беше се, туку прославата заврши во родниот Пеќ, каде што беше пречекана од возбудените граѓани и примена од страна на општинските власти.
„Мајлинда отиде во Рио како шампион, вечерва се врати дома, како една од најпопуларните олимписки ѕвезди. Мајлинда го донесе златниот медал, а нејзиното враќање во Косово е враќање на надежта и мотивација за нашите млади луѓе да ги исполнат своите соништа“, истакна на пречекот претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Во традиционалните албански бои, црвена и црна, Мајлинда во Глоѓан ја доби наградата „Шкелзен Харадинај“ од истоиментото семејство: „Денес ние чест на златниот шампион Мајлинда Келменди да им ја врачиме наградата, за враќање на надежта кај малдите“.