Велешките каратисти учествуваа наа Меѓународен семинар за Уечи рју Окинава карате до во Белград, Србија, од 30 април до 2 мај.
Велешани се единствени претставници на овој стил во Македонија. Екипата која учествуваше на семинарот броеше 14 каратисти под водство на инструкторот Боре Видевски 3 дан.
Инструктори на овој семинар беа јапонскиот мајстор од главната асоцијација за Уечи рју Окинава карате до, Такаши Аракаки 8 дан уечи рју и 7 дан кобудо, Владимир Поповиќ 7 дан и Милан Димитриески 6 дан.
„На овој семинар учествуваа 9 земји. Се вежбаше Окинава карате стилот уечи рју, но и старата окинавска вештина со оружје кобудо. Покрај тоа, на последниот ден од семинарот се одржа и полагање за ученички (кју) и мајсторски ( ДАН) рангови, а нашиот каратист Левко Левков полагаше за црн појас 1 дан (шодан). Воедно, тој е и официјално вториот носител на мајсторски појас за оваа боречка вештина во нашата земја“, вели Боре Видевски.
Ipon.mk/В.Д.