„Веќе реков дека УФЦ 300 ми изгледа привлечно. Трилогија со Гејџи? Зошто да не, веднаш го прифаќам тоа“!

Настанот УФЦ 300 е се поблиску и поблиску, а речиси и да нема борец кој не би сакал да настапи на него и да одбележи ваква годишнина. Дастин Пориер секако е еден од нив, кој тврди дека се уште нема дефиниран датум и противник за неговиот следен настап во УФЦ. Тој во последното појавување беше поразен од Џастин Гејџи и додава дека е свесен дека не му преостанува уште многу време, па решил повеќе да не ја споменува титулата во лесна категорија:

„Овде сум од УФЦ 125. Го пропуштив УФЦ 200 и знам дека нема да бидам наоколу за УФЦ 400. Тоа е одлична можност ако сè успее, но искрено немам идеја кога ќе се вратам во кафезот. Но, УФЦ 300 изгледа привлечно“, изјави Пориер за ММА Фајтинг.

Во разговор со ММА Џанки тој откри и една интересна опција за камбек, која е трилогија со Џастин Гејџи. Да потсетиме дека овие двајца борци се бореа годинава во главната борба на вечерта на УФЦ 291, а во во прашање беше појасот „БМФ“. „Хајлајт“ победи со фантастичен „хај кик“ во втората рунда и го израмни резултатот на 1-1 откако Поариер победи на првиот меч во 2018 година.

„Дефинитивно би ја преземал таа борба и тој настан (УФЦ 300) би бил одличен за тоа, но ќе видиме. Но кој знае, ова е светот на борбите. Ќе видиме што ќе се случи, но дефинитивно сум отворен за тоа“, рече тој.

Многумина веројатно би сакале да го видат овој меч, но чисто за да се ослободат од нив. Овие двајца борци имаат репутација на оние кои најмногу ја задржуваат дивизијата во лесна категорија, така што уште еден натпревар би го отворил патот на другите да се пробијат. Во секој случај, оваа борба гарантира спектакл и секако има место на тој настан, а останува да се види дали сите страни се заинтересирани. Ако се, не чекаат вистински огномет!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON