ВБЦ и нареди непосреден реванш на Головкин и Канело

Светскиот боксерски совет (ВБЦ) и нареди на Генадиј Головкин и на Саул Алварез дека во следната борба мораат да се борат меѓусебе.

Головкин, покрај титулата на ВБЦ,ги држи и на ВБА, ИБФ и ИБО во средна категорија и интересно е што ВБЦ се одлучи за овој потег бидејќи Канело во првата борба одби да се бори и за нивната ИБО титула.

Казахстанецот и Мексиканцот ремизираа во првата борба во средината на септември во Лас Вегас.

Одлуката ја соопшти претседателот на ВБЦ Маурицио Сулејман на 55-тата Конвенција во главниот град на Азербејџан Баку.

Додаде дека Чистата боксерска програма се тестирани над 400 боксери во последните две години и дека само осум боксери биле позитивни на допинг.

Конвенцијата ја отвори Евандер Холифилид.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON