Претседателот на ВБО, Густаво Оливиери, потврди дека организацијата нема да парви никакви пречки за евентуална трета пресметка меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик. Потенцијалната средба може да се случи доколку Фјури го израмни резултатот во нивната втора борба на 21 декември во Ријад, Саудиска Арабија.
ВБО ја одобри првата борба меѓу Фјури и Усик со специфичен услов. Шампионската комисија го задржува правото да назначи задолжителен предизвикувач кога е потребно. Во исто време, ВБО создаде привремен појас за да ги одржува активни другите врвни борци. Оливиери истакна дека интересите на спортот секогаш се на прво место.
View this post on Instagram
„Зошто да спречиме трилогија? Тоа ќе биде од корист за љубителите на боксот и за сите вклучени. Тоа значи одложување на мечот со задолжителениот предизвикувач.
Секогаш ќе се стремиме кон она што е најдобро за спортот, дури и ако тоа значи одложување на задолжителен предизвикувач. Ако има трилогија, мислам дека консензусот е тоа да се случи. Тогаш можеме да го форсираме задолжителниот предизвикувач“, рече Оливиери.
Џозеф Паркер моментално е привремен шампион на ВБО, титула која ја освои во март победувајќи го Жилеј Жанг. Но, Паркер ќе ја загуби таа титула кога ќе се бори со шампионот на ИБФ, Даниел Дубоа на 22 февруари. Според правилата на ВБО, привремените шампиони не можат да ја обединат титулата со светска титула од друга организација.
Навивачите ширум светот со нетрпение очекуваат потенцијален трет судир меѓу Фјури и Усик. Стана ривалство што продолжува да генерира интерес во тешката категорија.