ВБО им даде 15 дена на Александар Усик и Џо Џојс да органираат меч за привремената титула

Наместо да му се одземе појасот на Ентони Џошуа во тешка категорија за обединувачки дуел со Тајсон Фјури, што се очекува да го привлече светското внимание, Светската боксерска организација (ВБО) дозволи да преовладува здравиот разум.

Организацијата со седиште во Порторика му нареди на задолжителниот предизвикувач на Џошуа, Александар Усик, да почека и за тоа време да се сретне со Џо Џојс.

Со писмо ВБО ги извести промоторите на Усик и Џојс, Александар Красјук и Френк Ворен, дека имаат рок од 15 дена да преговараат и да договорат меч за „привремената“ титула на ВБО во тешка категорија што треба да се организира во рок од 90 дена од овој договор.

Ако дотогаш не се постигне зделка, ќе се одржи промотивна аукција, со која ќе се даде право да се организира овој меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON