Светскиот боксерски совет нема да дозволи неговиот шампионски појас во полутешка категорија да биде заложен на мечот меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол додека трае војната меѓу Русија и Украина. Ова категорично го изјави претседателот на Советот – Маурицио Сулејман на Изкиердазо.
„ВБЦ нема да дозволи борба со учество на Бивол, бидејќи имаме став против Русија. ВБЦ нема да прифати таква борба“, изјави Сулејман за изданието.
Причината е што двајцата руски спортисти имаат различни државјанства. Бетербиев се бори под знамето на Канада, додека Бивол се натпреварува за својата родна земја.
Двајцата борци преговараат од почетокот на годината, но најголемата пречка е војната која трае повеќе од една година.
Потсетуваме дека Артур Бетербиев е освојувач на титулите ВБЦ, ИБФ и ВБО, додека Дмитри Бивол е шампион на ВБА.