Боксерскиот судија Карлос Сукре е казнет од Светската боксерска асоцијација (ВБА). Причината за санкцијата е лошото бодување на Сукре.
Тој беше еден од тројцата судии во рингот на мечот меѓу Хуан Естрада и Рамон Гонзалес. 30-годишниот Естрада победи со неедногласна одлука откако се избори во сите 12 рунди.
Мечот за титулите на ВБА и ВБЦ во супре мува категорија понуди многу акција и оспорувани рунди до самиот крај. Сепак, ова не беше мислењето на Сукре, чија судиска карта ги шокираше навивачите и гледачите.
Во неговата карта, резултатот беше 117-111 во корист на Естрада, додека другите двајца судии видоа далеку поизедначин меч. Дејвид Сатерленд даде 115-113 во корист на Вариети, а Џеси Рејес пресуди 115-113 за Гонзалес.
#EstradaChocolatito2 We will temporarily suspend Carlos Sucre, while the Officials Committee evaluates his performance in the Chocolatito-Estrada 2 fight. We will give the judge the opportunity to speak about what happened
— WBA Boxing (@WBABoxing) March 14, 2021
ВБА објави дека Сукре ќе има шанса да ја објасни својата одлука пред специјална комисија. До тогаш му е суспендирана лиценцата за судија.
Ваквата практика не е многу честа појава во боксерските кругови. Во последниве години, навивачите забележаа ужасно многу чудни резултати, но во никој случај судија (бодовен или во ринг) не беше казнет.
Ludicrous scorecard from Carlos Sucre.
The last round was the most clear round for either fighter in the whole fight (big Chocolatito round) and he gave it to Estrada.
Looks like he filled this in before the fight. https://t.co/U291uDxNZQ
— Download The Boxing News App 📲 (@RobTebbutt) March 14, 2021