Васо Бакочевиќ немаше милост кон младоженецот: Таков е обичајот (ВИДЕО)

Црногорскиот борец Васо Бакочевиќ неодамна го победи Лука Зебец во бокс без ракавици на настанот Армада 4 во Нови Сад. А во пресрет на настанот Васо мораше да направи уште една борба.

Имено, Црногорецот на својот канал на Јутјуб објави видео кое е снимено неколку дена пред настапот во Нови Сад.

Пријателите донеле младоженец од Шведска на спаринг со Бакочевиќ.

„Ми се јави еден пријател од Шведска и рече дека еден од неговите добри пријатели се жени, па вообичаено е да го однесат на сето ова, како дел од ергенската забава и дека мора да се тепа со некого. Ме викнаа да се тепам со еден дечко. Добро ќе ми платат, секако се согласив“, рече Васо Бакочевиќ и додаде:

„На момчето ќе му ставиме шлем и ќе користиме големи боксерски ракавици. Ветувам дека ќе бидам нежен, но се зависи од него. Можеби типот знае да боксира и ако се чувствувам загрозен, ќе морам да го удрам. Се зависи од него“.

Васо и младоженецот одработија спаринг со громогласни овации на сите собрани.

Се чинеше дека сите добро се забавуваа освен младоженецот, кој цело време беше во подредена положба.

Васо доминираше, а кога типот удри малку посериозно, Васо му врати со камата.

„Најбрзо заработени неколку илјади во мојот живот“, рече на крајот Васо Бакочевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО