Само еден ден по триумфалната изведба на Мегдан 3 настанот во Нови Сад, како бомба одекна веста дека Васо Бакоќевиќ ќе и пристапи на втората најголема ММА промоција во светот. Овие денови, се очекува неговиот потпис за Белатор.
Оваа информација е пренесена од порталот „Во клинч“, кој до информациијата дошол уште во средата, преку друг борец, но Васо ги замолил истата да не пушта во јавноста додека не поминал вчерашниот настан. Договорот со втората најголема светска промоција сè уште не е потпишан, но се чини дека тоа треба да биде објавено во наредните денови.
Победата на Бакочевиќ против Стоименов беше седма по ред, а пособено вредна, бидејќи ја оствари доминантно во битката со противникот кој се смета за еден од најголемите таленти на Источна Европа. Црногорецот одработи врвен настап и славеше со прекин и на вистинскиот начин оти да се испроба во Белатор.