Фабио Вардли (19-0-1) ја задржа британската титула во тешка категорија со жестокиот нокаут на Фрејзер Кларк (8-1-1) за само 180 секунди за време на нивниот судир во Ријад.
Тие двајца можеби направија еден од мечевите на годината кога првпат се сретнаа во март во Гринич, а завршија со едногласно нерешено, но овој пат интригата не опстана доволно долго за да каже нешто друго освен дека Вардли е на пат до светската титула.
Фабио го потресе сонародникот со тежок десен директ, а потоа тргна да го заврши она што го започна. Кларк се обиде да возврати, но неговиот налет на удари ја промаши целта и тој стана жртва на моќта на шампионот.
Сега треба да видиме кој ќе биде следниот чекор за Фабио Вардли, бидејќи очигледно е дека местото на ова момче е во топ 10 на светскиот бокс.