Вардар загуби од Железничар на гостувањето во Сараево во мечот од третото коло на Регионалната бокс лига со 16-4.
Победи забележаа јуниорот Илхан Озмен и Адријан Џемаили.
И овој пат Јасин Лама беше поразен со поделена судиска одлука. Во првиот настап за Вардар македонскиот професионалец Горјан-Гого Славески е поразен исто татка со поделена одлука. Славески настапи во категоирјата до 91 килограм, која не негова категорија, бидејќи настапува во полесна категоирја.
Вардарци во првите две кола претрпеа два порази од Лозница во Скопје 6-14 и во Подгорица (Црна Гора) 18-2.
Железничар – Вардар 16-4
Јуниори
69 кг Елхар Хоџиќ – Илхан Озмен 0-2 (2-3)
75 кг Халид Гакиќ – Ајхан Озмен 2-0 (TKO, Р2)
Сениори
56 кг Бруно Видачек – Адријан Џемаили 0-2 (1-4)
60 кг Ремзо Иковиќ – Оран Јашаровски 2-0 (5-0)
64 кг Фахрудин Бахтиќ – Јасин Лама 2-0 (3-2)
69 кг Жељко Марко – Ферид Хоџа 2-0 (пред. Р1)
75 кг Џани Дедиќ – Лео Јовановски 2-0 (5-0)
81 кг Јасмин Пашагиќ – Арсим Етеми 2-0 (5-0)
91 кг Александар Мраовиќ – Горјан Славески 2-0 (2-3)
+91 кг Џемаил Бошњак – – 0-2