Во составот на македонската репрезентација за претстојниот 48.Меѓународен турнир во борење „Македонски бисер“ во Кочани екипата на БК Вардар е најмногубројна во нашата селекција. Турнирот е во сабота со почетокот од 11 часот во салата на ОУ „Никола Карев“.
Од Вардар велат дека борачите се подготвени да се претстават во најсветло издание и да ги бранат боите на Македонија,а тоа се:
57 кг Земри Авдили
65 кг Стефан Зашков
70 кг Александар Миланов
70 кг Марко Андонов
86 кг Бехар Мамути
97 кг Рамадан Мустафовски
97 кг Александар Марковски
125 кг Могамедгаџи Нуров.
Екипата ќе ја предводат тренерите Љубиша Пешко и Штерјо Митров.