БК Вардар на 8 септември организира меѓународен турнир во борење, за првпат во Македонија, во слободе стил, грчко-римски и женско борење во името на нашите тренери великани неодамна починати „Бојан Рангелов & Насе Насев”.
Со турнирот се одбележува и Денот на независноста – „8 Септември“.
Турнирот ќе се одржи во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 11 часот.
На турнирот ќе учествуваат сите шампионски екипи од соседните држави во олимписките категории.
„Може да се каже дека ќе учествуваат најдобрите балкански боречки клубови , а оваа година тоа е БК Вардар, екипен шампион на Македонија“, вели првиот човек на Вардар и главен „виновник“ на овој спектакл во борење, Љубиша Пешко. .
Во слободен стил се најавени да учествуваат::
-Бешикташ од Турција
-ЦСКА – Бугарија
-Трапезоинд – Грција
-Вардар – Македонија
Во грчко-римски стил:
-Раднички – Србија
-В и Г Илиеви – Бугарија
-Вардар – Македонија
Женско борење:
-Црвена Звезда – Србија
-Челопеч – Бугарија
-Вардар – Македонија
„Со овој меморијален турнир сакаме да ја повратиме атмосферата на лигата, екипните натпревари , а, воедно, преку спортот да се развива дружбата и пријателството меѓу балканските народи“, вели Пешко и нагласува:.
„Јас мислам дека ова го заслужиле нашите тренери. И, сигурен сум, сега да се со нас сега би биле горди на оваа манифестација“.
Пешко истакнува дека целата организација и покровителство го сноси БК Вардар со техничка помош од БФСМ .
„Повелете, на 8 септември 2024, во СЦ „Борис Трајковски“ да присуствувате и навивате за мајсторите на душекот“, повика Пешко.