Вардар е петти Регионалната бокс лига и по 6. коло.
На табелата води Нови Пазар со 184 бодови, пред Сомбор 148, Славија 145, Лозница 143, Вардар (84), Раднички 71, Марибор 63, Никшиќ 54, Железничар 36, Свети Донат 0.
Во недела (21 мај) во Сомбор, Србија, ќе се одржи 7.коло од Регионалната бокс лига, а екипата на Вардар ќе настапи со четворица боксери во сениорска конкуренција.
Сениори
57 кг Ален Рустемовски – Ален Рахимиќ (Славија)
63,5 кг Дион Лена – Ваел Мери (Железничар СА)
71 кг Алим Насуфи – Игор Рогиќ (Нови Пазар)
75 кг Амар Дрплјанин – Јово Николиќ (Сомбор)
До крајот на регуларниот дел од сезоната 2022/23 преостануваа уште едно коло во Нови Пазар.
Потоа ќе уследи жрепка за организација на плејофот во кој за титулата во Регионалната боксерска лига ќе се борат четирите најдобро пласирани екипи. Скопје е во игра да биде домаќин на завршницата РБЛ.
Прв шампион на Регионална боксерска лига е тимот на белградска Црвена ѕвезда која во големото финале во Скопје ја совлада Лозница.