Викторија Варадинова од ТДК Штип е прва на Меѓународниот турнир „Подгорица опен“ во категоријата до 57 килограми во кадетска конкуренција.
Јована Арсова во истата конкуренција до 55 килограми го освои сребрениот медал.
Ова е убав успех за штипјани пред утрешниот турнир во Скопје. Да потсетиме дека Варадинова паралелно се натпреварува и во кик бокс, а мината недела стана државен првак.
На турнирот учествуваа 250 натпреварувачи од осум држави.
ipon.mk/В.Д.