Вандерлеј Силва е еден од најуспешните борци на сите времиња.
Тој стана истакната сила во организацијата Прајд, постигнувајќи ја најдолгата серија без пораз во историјата на промоцијата и четири пати ја одбрани титулата. Оваа легенда се приклучи на УФЦ во 2007 година, кога неговите најдобри години веќе беа зад него, но сепак за шест години во најпознатата промоција успеа да ги победи квалитетните противници како Мајкл Биспинг и Брајан Стен. Оваа година 48-годишниот Бразилец беше примен во Куќата на славните на УФЦ.
Силва се повлече од борбите во 2018 година, а официјално е пензиониран од 2022 година. За жал, сега се соочува со сериозни здравствени проблеми по неговата кариера во боречките вештини. Во текот на кариерата претрпе голема штета, вклучувајќи брутални порази со нокаут од борци како Мирко Кро Кап и Квинтон Џексон.
Неодамнешниот антимонополски случај што го доведе УФЦ на суд резултираше со спогодба од 375 милиони долари и ја откри застрашувачката здравствена состојба на Силва. Според него, тој страда од симптоми на хронична трауматска енцефалопатија (ЦТЕ) кои вклучуваат проблеми со менталното здравје и има очајна потреба од паричен надомест од спогодбата. ЦTE е прогресивна дегенеративна болест на мозокот која е предизвикана од повторливи, повеќегодишни удари во главата.
Клучниот дел од изјавата на Силва гласи:
„Додека се борев за УФЦ претрпев многу сериозни повреди, вклучувајќи и потрес на мозокот. Се плашам дека сум претрпел трауматска повреда на мозокот (ТБИ) во текот на мојата кариера и забележувам симптоми кои се вообичаени кај ТБИ и ЦТЕ, вклучувајќи депресија, промени во расположението и раздразливост. До денес, не е пронајден третман за ЦTE. Страдам од апнеја при спиење и имам проблеми со спиењето и дишењето. Колку што се сеќавам, имав четири операции на носот, една на лицето, две на левото колено, една на десното колено и една на лактот“.
„За мене, порамнувањето од 375 милиони долари би било неверојатно добар резултат. Тоа би направило значајна разлика во мојот живот и во мојата финансиска стабилност“.
some quotes from some of the fighter declarations. This is some sad reading. pic.twitter.com/zoAtZoiG27
— John S. Nash (@heynottheface) October 7, 2024
Силва бара одобрение за спогодбата за да може да си ја дозволи потребната здравствена заштита и да го задржи својот дом. Неговата изјава е многу вознемирувачка, но за жал не единствена. Поранешниот привремен шампион во тешка категорија на УФЦ, Шејн Карвин, исто така даде слична изјава во која бара одобрување за спогодбата.