Ванчо Чифлиганец е новиот претседател на ФБСМ!

Cifliganec na sobranie

Вонредното Собрание на федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) за нов претседател на Управниот одбор едногласно го избра проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

Rabotno pretsedatelstvo na FBSM

Чифлиганец во своето обраќање рече дека нема волшебно стапче да ги решава проблемите, но затоа признава само макотрпна работа. За него ќе биде успех да се постигнат успеси како во неговиот претходен мандат, ако не ќе смета дека е неуспешен претседател.  Како главен спонзор со 17-18 илјади евра ќе се јави неговата фирма Адора инжинеринг, а Сичков вети 20 илјади.

МОК се обврза да го реши постоечкиот проблем со ОБС. Сепак, по обраќањето на претседателот Васил Тупурковски и давањето на благодарница на Чедо Николовски, делгацијата на МОК си замина.

На Собранието присуствуваа 34 делегати од 17 клубови, отсуствуваа само два.

За членови на Управниот одбор се избрани: Васил Коцев-Балканец, Бетим Вренези -Лирија, Александар Поцев-Бучим, Назми Али-Тефејуз, Јордан Димитров-Спартак, Јане Мелов-Неготино, Методи Сичков-бизнисмен, Николајчо Николов- бизнисмен. Потпретседатели се: Трајче Димков, Могамед Ибрагимов и Бетим Вренези, а Насе Насев ќе биде спортски директор, на кого доплнително ќе му биде дефинирана улогата. УО ќе се прошири и тоа со бизнисмени.

vonredno sobranie

Во Надзорниот одбор влегоа Ајруш Синани, Сократ Ефтимовски и адвокатот Димко Миленковски.

Има размислувања да се формира Совет на олимпијци и Совет на Судии, како и за лига натпреварување, но и за популризација на спортот.

Репрезентацијата на Светското првенство ќе ја води селекторот Лулзим Вренези, како и лице што ќе го овласти претседателот Чифлиганец, а досегашниот претседател, Чедо Николовски, ако има обезбедно карта, ќе патува и тој.

Инаку, Николовски присуствуваше на Собранието и рече дека толку можел да направи. Доби благодар5ност за својата работа од новиот претседател и од Македоинскиот олимписки комитет.

Од Агенцијата за млади и спорт дадоа подршка на ФБСМ, но укажаа дека треба да се отстранат одредени недостатоци. Сепак, ќе има и проширена конференција на ФБСМ со финасиски извештај и програмски отчет.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON