Валентина Шевченко почна со подготовките за борба (ВИДЕО)

Шампионката во мува категорија Валентина Шевченко е подготвена да се врати на борбите. 32-годишната натпреварувачка требаше да се бори во јуни, но се повреди и се повлече од средбата со Калдервуд. Неодамна, Џенифер Маја успеа да ја совлада Калдервуд во битка за одредување на предизвикувачка на Шевченко.

„Булет“ е во серија од 5 последователни победи, од кои 3 се со завршница. Таа веќе има три одбрани на титулата и планира да направи уште една оваа година. На почетокот на годината, Валентина ја нокаутира Чокагијан. Во својот профил на социјалните мрежи Шевченко изјави дека се вратила дома и почнала да се подготвува за борба.

Ова е видео од нејзиниот тренинг.

https://www.instagram.com/p/CDhd2hEJGgH/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDUGiC7JRDQ/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON