Валентина Шевченко го почна тренинг кампот за следната одбрана на титулата во ноември со Џенифер Маја на УФЦ 255.
Ова ќе биде 4-та одбрана на титулата за 32-годишната шампионка која е во серија од пет последователни победи во мува категорија и изгледа непобедлива. На почетокот на годината, Валентина ја одбрани титулата со нокаут над Чокагијан, а потоа во јуни требаше да ја одбрани против Калдервуд.
За жал, шампионката се повреди, а Калдервуд се избори со Маја и загуби. Шевченко има учинок од 19-3 во ММА и заврши 13 свои противнички. Таа во УФЦ загуби само два пати од Аманда Нунез, но поразите дојдоа со контроверзни судиски одлуки. На својот профил на социјалните мрежи, шампионката објави видео во кое тренира и покажува неколку удари од нејзиниот репертоар.
https://www.instagram.com/p/CE5IqONJwuO/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CE2QoEbpYjA/?utm_source=ig_web_copy_link