Валентина Димоски трета во кати на „Виена опен“!

Kido karate na Gadzovski na Viena open

Валентина Димоски од екипата на Кидо карате на нашиот тренер Ивица Гаџовски го освои бронзениот медал во кати во кадетска конкуренција (до 16 години) на „Виена опен“.

Valentina Dimoski na Viena open

Димоски во полуфиналето загубила од репрезентативката на Словачка со 3-2, но во репасажот извојува победа и го освои бронзениот медал.

Димоски во континуитет има успеси на австриската карате сцена со КК Кидо карате, предводен од Гаџовски.

„Три месеци како се натпреварува во кадетска конкуренција, но ќе се обидеме да избориме место во репрезентацијата за Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори У-21 во Џакарта, Индонезија. Државното првенство на Австрија е на 24 октомври, за кое максимално се подготвуваме. Виена опен е просечен турнир, а тесно загуби од репрезентативката на Словачка, која вади топнатпреварувачи во кати“, изјави Ивица Гаџовски за Иpon.mk.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON