Валентин Јовиќ на 24 јули патува за Кина на подготовки со нивниот национален тим во санда во Џиан.
Фактичи ова ќе бидат првите тренинзи по повредата заработена во Русија на Европското првенство.
„Вежбав седум дена во Хрватска кај Зелг Галешиќ, без да знам со скршена рака. Седмиот ден ја сликав и видов дека била скршена уште во Русија“, вели Јовиќ.
Всушност подготовките во Кина може да значат и покана за атрактивни санда настапи надвор од овие простори, но и во другите боречки спортови.
Ipon.mk/В.Д.