Ваква најава не може да не ве заинтересира за мечот на годината! (ВИДЕО)

Тргнаа и видео најавите за мечот Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер и тоа за почеток оние аматерските. Но, оние, задолжените за официјалната најава ќе мора многу да се потрудат да го надминат фантастичната изработка кој ви ја донесуваме во овој текст.

Танц од 180 милиони долари е името на видеото чиј автор е Мајк Фајт, која веќе порано се порлсави по аматерските видеа и има голем број на следбеници на неговиот Јутјуб канал. Името потекнува од изјавата на ирскиот борец при годтувањето во ток-шоуто на Конан Обрајан. Тогаш, на прашањето дали би сакале да се бори со Мејведер рече: „Кој би можел да одбие танц во рингот за 180 милиони долари“? Уште еден доказ за тоа колкав визионер е Ирецот е фактот дека токму тогаш спомена таква свота во врска со овој меч.

Што се однесува до видеото, тоа трае четири и пол минути и во ниту еден момент не е досадно, бидејќи се собрани најдобрите изјави на двајцата борци, како по прашање на овој меч, така и во однос на некои претходни теми. Потоа следат инсерти од средбите во комбинација со некои фантастични кадри.

Па кој не би гледал ова по ваква најава?

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON