Пред два дена се навршија 30 години од освојувањето првиот медал за независна Македонија од Зоран Пејов во младинска конкуренција (-80 кг, У-21), кој се закити со бронза. Потоа следуваше борнзата на Ангел Георгиев (-67 кг, јуниор) и историското злато на Елвир Куратновиќ (-75 кг, У-21) на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Кардиф, Велс, 1993 година.
По тој повод се интонираше македонската химна во многу сложена политичка атмосфера, како државата Македонија, така и за македонските спортисти.
Како мотив за многу генерации вреди да се погледне видеото.
Селекторот Чедомир Саздовски имаше со што да се гордее, бидејќи неговите каратисти испишаа историја.
Ова е нашата историја. А сите до еден најгласно ја пееја македонската химна.
Тоа се каратистите од Цветан Димов – Куртановиќ, Вардар – Пејов и Партизан (Кочани) Георгиев кои на далечниот пат тргнаа со конзерви и леб и гордо се бореа и донесоа три медали и го вивнаа македонското знаме високо, а се свиреше и македнската химна, и да посака човек поубава реклама на една нова држава да се направи не може.