„Вака испадна најдобро за Волкановски. Одењето на уште еден меч против Топурија не е најпаметната идеја, а веќе има 36 години“

Рече Илија Топурија дека направил се што има во перо категорија и оти сега е време за лесна категорија, а во исто време не сака да ја задржува перо категоријата. Поради тоа Топурија ја ослободи титулата, за која наскоро ќе се борат Александар Волкановски и Диего Лопез, на настанот УФЦ 314 во април.

Волкановски бараше реванш против Топурија, но нема да го добие бидејќи овој ја напушти категоријата. Во секој случај, сепак ќе добие шанса за појасот, а Мајкл Биспинг верува дека е подобро за него да се бори со Лопез отколку со Топурија:

„Како што се одвиваше целата работа на крајот, мислам дека тоа е најдоброто нешто за Волкановски. Го сакам Волкановски, тој е феноменален тип, еден од најдобрите борци во перо категорија што овој спорт некогаш ги видел. Но, одејќи во реванш против Топурија, мислам дека тоа не е најдобрата идеја“, рече Биспинг на својот канал на Јутјуб.

„Не велам дека не може да го победи бидејќи секоја борба е приказна сама за себе, се разбира, тој влезе во својата прва борба не долго по бруталниот нокаут од Махачев. Но, овој пат е поинаку. Тој има 36 години, игнорирајте ги приказните за проклетството на 35, тој има 36 години и дефинитивно повеќе не е младо пиле“, додаде тој.

Топурија на првиот меч брутално го нокаутира Волкановски, па веруваме дека повеќето навивачи и онака не би сакале да го гледаат тој реванш. Така секој ќе го добие она што го сака – атак на Волкановски на титулата и преминување на Топурија во лесна категорија. Наскоро ќе видиме со кого точно ќе се бори таму во првиот меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО