Вајт за Џонс-Аспинал: Многу сум убеден дека борбата ќе се случи оваа година

Дана Вајт даде извесност за долгоочекуваната борба меѓу Џон Џонс и Том Аспинал.

Џо Роган неодамна објави дека Џонс бара 30 милиони долари за оваа борба. Неколку дена подоцна, Џо ја демантираше оваа гласина откако се слушна со Дана Вајт. Џо тогаш изјави дека Џон размислува да се повлече од ММА наместо да се бори со Британецот. Дана неодамна се појави во интервју и рече дека е многу уверен во оваа борба.

Аспинал изјави дека се е подготвено на негова страна, но тоа не беше случај со Џонс. „Коски“ сака огромен хонорар за оваа борба и преговорите ќе бидат долги. Вајт тврди дека ништо не ја кочи оваа борба, но и самиот признава дека не е така лесно да се организира таква борба.

„Работиме и зборуваме за оваа борба. Веќе реков дека сум многу уверен оти борбата ќе се случи годинава. Ништо не ја запира борбата. Единственото прашање е да се направи тоа. Не е толку лесно да се организира ваков тип на борба“, рече Вајт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FREAK (@freak.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО