Шефот на УФЦ, Дана Вајт, соопшти дека организацијата е подготвена да одржи еден од следните турнири во Русија. Покрај тоа, според Вајт, во рингот може да излезат локалната ѕвезда Хабиб Нурмагомедов и шампионот во лесна категорија Конор Мек Грегор од Ирска.
„Сега силно сме фокусирани на Русија. Работиме за организирање на турнир таму. Прво, од Русија доаѓаат исклучително многу талентирани борци, а таму ММА има многу фанови. Има борец од Русија, кој се вика Хабиб и тој е неверојатно популарен. Следната средба може да е Конор против Хабиб“, изјави Дана Вајт за Шердог.
Who do you think is the most likely next opponent for UFC lightweight champ Conor McGregor?