Британскиот судир на двајцата тешкаши Тајсон Фјури и Дилиен Вајт викендов на Вембли заврши со триумф на Џипси Кинг.
Фјури го победи Вајт со нокаут во шестата рунда, тврдејќи дека Тајсон го оттурнал по ударот и со глава удрил во земјата кога паднал.
„Аперкат ме затресе, па се обидов да се вразумам, а потоа ме оттурна и јас паднав и со главата удрив во подот. Ова не е дозволен потег. Ние не се бориме туку боксуваме, но Фјури може да прави што сака и никој нема да го казни поради тоа“, истакна Дилиен Вајт и додаде:
„По тој потег требаше да ми се даде уште малку време да се опоравам за да ја продолжам борбата. Кога ме оттурна му рече на судијата да го прекине мечот. Судијата не беше на висина на задачата. Навистина, ударот на Фјури ме потресе, но не паднав на подот“.
BREAKING: Dillian Whyte claims Tyson Fury KO was illegal and calls for rematchhttps://t.co/o8LfYRHIyz pic.twitter.com/RnGJIp8Fwt
— Mirror Fighting (@MirrorFighting) April 25, 2022
Вајт сака шанса за реванш.
„Фјури секогаш бега. Рече дека се пензионира, но се надевам дека тоа нема да се случи. Сакам реванш“, изјави Дилиен Вајт, кој можеби остана без заби на натпреварот.
Имено, на социјалните мрежи кружи фотографија која е направена во моментот кога Фјури го удрил Вајт и со тој удар наводно му го исфрлил избил забот на Дилиен.
Dillian Whyte 'lost tooth' from brutal uppercut KO from rival Tyson Furyhttps://t.co/NQOtqCqiM1 pic.twitter.com/4Q29SsucAf
— Mirror Fighting (@MirrorFighting) April 25, 2022