Вајт: Пресметката Алдо-Едгар може да биде за титулата

hoze aldo frenki edgar

Откако Конор Мек Грегор е отстранет од УФЦ 200, бидејќи одби да се појави на прес-конференција, се постави прашањето дали ќе продолжи да биде шампион во перо категоријата.

 Мек Грегор завчера соопшти дека се повлекува од слободните борби, што значи дека ќе биде принуден да се откаже и од титулата. Во неодамнешното интервју Дана Вајт објави дека Мек Грегор ќе треба да разјасни некои работи околу своето однесување во последно време, ако сака да ја задржи шампионската титула.

 Вајт исто така рече дека се во добри односи со Мек Грегор и покрај се што се случува во моментов и ако се јави дека сака да се бори против Дијаз во УФЦ 200, средбата сепак ќе се одржи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON