Вајт потврди: Холи Холм ќе ја брани титулата против Ронда, се друго нема смисла

ronda dana holm

Дана Вајт потврди дека Ронда Русеј автоматски ќе добие реванш, односно шанса да си го врати појасот кој и го презема Холи Холм. Тој објасни дека дека ништо друго не би имало смисла.

За претседател на УФЦ, нема подвоеност ниту друга опција, кој со неговата изјава го потврди тоа. Доволна референца за тоа му е што Русеј беше непоразена и доминантна и што светот сака да види дали тоа беше само моментална слабост или Холм навистина е подобра од неа.

„Доколку веднаш не би го организирале реваншот, мислам дека Лоренцо Фертита и јас слободно би можеле да ги загубиме промоторските лиценци. Така што оваа борба сигурно ќе се случи. Не знам кога и не знам каде, но тоа е навистина единствената опција“, ја прокоментира својата одлука Вајт.

Нешто што се бара од новиот шампион, но ако е за верување на Вајт, Холм во потполност се согласува со оваа идеја.

„Ронда ги победуваше најдобрите борци на светот за 14 или 30 секунди и секако дека заслужува шанса веднаш да си ја врати титулата. А Холи Холм, исто така, се согласува со тој факт”, објасни тој.

Проблем може да биде само долгото чекање. Ронда пред борбата рече дека има намера да земе пауза до летото, поради некои други обврски. Навистина би било штета да мораме толку долго нова прилика да ја гледаме шампионката, посебно ако е таа подготвена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON