Вајт очекува враќање на Мек Грегор налето

Дана Вајт очекува Конор Мек Грегор да се врати налето. Големата ѕвезда на УФЦ продолжува да се опоравува од повредата што ја доби во последната борба. Во јули 2021 година „Озлогласениот“ загуби со ТКО од Дастин Пориер во нивната трилогија.

Ова се случи откако Мек Грегор ја скрши ногата на крајот од првата рунда. Мек Грегор за прв пат во кариерата е во серија порази и победи само на 1 од последните 3 борби во УФЦ. Се очекува Конор да добие зелено светло за тренинзи со целосна брзина во април.

Во интервју за медиумите пред гала вечерта на УФЦ овој викенд во Калифорнија, Вајт за својот миленик изјави:

„Мислам дека Конор ќе се врати летово, но не сум сигурен. Се ќе зависи од тоа како ќе му се подобри ногата и уште милион работи што може да се случат пред летото.

Па глупаво е да се шпекулира засега. Кога Конор ќе се јави и ќе каже дека е подготвен да се врати, ќе почнеме да разговараме за опциите за него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON