Стипе Миочиќ и додека беше првак не чувствуваше дека има поддршка од УФЦ.
Во пресрет на борбата со Френсис Нгану почувствува дека промоцијата одлучила да застане зад предизвикувачот наместо да се фокусира на неговата рекордна трета одбрана на титулата.
По поразот од Даниела Кормиер тешкашот ја критикуваше промоција, затоа што следната борба за појасот му ја даде на Брок Леснар и сето тоа го направи во стилот на про врестлинг промоцијата ВВЕ.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, не разбира зашто поранешниот шампион има проблеми со неговиот работодавач.
„Не знам зошто Стипе секогаш мисли дека не му искажуваме почит. Имаме голема почит кон Стипе. Тој мисли дека му требало долго време да ја добие борбата за титулата, повеќе отколку што треба, како штој мисли тој. Секој пат кога ќе се свртам тој се чувствува омаловажен. Ова е се само не тоа. Не знам“, рече на подкастот на УФЦ Нефилтриран.
„Очигледно, видовте дека подготвени се за борбата Кормиер и Брок. Да победеше Стипе тој ќе беше на местото на Кормиер. Тоа не е знак на непочитување спрема Стипе. Тоа е планирана и пред почетокот на нивната борба“.