Вајт не сакаше да му го стави појасот на Нурмагомедов во кафезот!

Целиот хаос што настана по борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор доведе до тоа прогласувањето на победникот да се направи без борците во кафезот, односно Дана Вајт одбио да му го стави стави појасот на Хабиб додека се во октагонот.

Хаосот што се случи по главната борба на УФЦ 229, и за кој службата за безбедност на УФЦ не беше подготвена, доведе до многу необична ситуација. Според некои информации, за прв пат во историјата на УФЦ, победникот на борбата не се наоѓаше во кафезот за време на прогласувањето и тоа се случи токму во борбата која ја нарекоа најголема во историјата на УФЦ. Брус Буфер така „and stil…“ изјави во моментот додека во кафезот се наоѓаше само тој.

Не беше лесно Хабиб Нурмагомедов да се смири по сето тоа, иако таа задача ја прифатија неговите соборци Даниел Кормиер и Лук Рокхолд, кои дојдоа во кафезот за да се обидат да го донесат шампионот на УФЦ во ситуација каде што нема да биде толку многу под влијание на емоциите. На крајот имаа успех во тоа, Хабиб се смири и го чекаше прогласувањето, но потоа му пријде Дана Вајт, кој претходно го утешуваше Мек Грегор. Ирецот го напушти кафезот, а потоа дојде до разговор меѓу претседателот на УФЦ и првакот во лесна категорија во средината на кафезот.

„Доколку го ставам овој појас на тебе, сите ќе почнат да фрлаат секакви работи во октагонот“, рече Вајт додека му објаснуваше на Хабиб зашто нема да биде крунисан на местото каде што Конор Мек Грегор принудени да тапка.

Хабиб потоа го напушти кафезот со големо обезбедување, а додека поминуваше покрај ирските навивачи го гаѓаа со се и сешто и го плискаа со пиво. Како што споменавме, победник Брус Буфер победникот го прочита без во негово отсуство, а хабиб веројатно појасот ќе го прими во соблекувалната, без светлата ка камерите, освен можеби оние службените на УФЦ, па тој момнет може да се најде на „Embedded“ или во серијапот „The Thrill and the Agony“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON