Поранешниот привремен шампион Тони Фергусон се враќа во кафезот. Веста ја сподели Дана Вајт, која за медиумите во Вегас изјави дека веќе има противник за „Ел Кучуј“ и дека наскоро ќе го видиме во акција.
Новинарите веднаш почнаа да поставуваат прашања за такава средба, а еден од нив го спомна името на Дастин Пориер. Претседателот на УФЦ се насмевна и рече дека „Дијамантот“ е веројатно следниот противник на Фергусон.
Средбата меѓу нив би била многу интересна, затоа што двајцата се поранешни шампиони и ги завршуваат своите мечеви. Оваа година двајцата имаа мечеви. Тони имаше тежок пораз од Џастин Гејџи и се раздели со серијата од 12 победи. Дастин се врати на победите откако го совлада Ден Хукер.
https://www.instagram.com/p/CEN4Aeop_hs/