Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, и покрај сите разлики со актуелниот шампион во лесната категорија, Конор Мек Грегор, најваува нов супер меч и тоа Хабиб Нурмагомедов среде Русија.
Мек Грегор вчера го предизвика топ борецот Нурмагомедов, инсистирајќи битката да се одржи на непријателска територија – во Русија.
„Знаете ли што ми кажа Конор“ изјави Дана Вајт и додаде: „Рече го сакам Хабиб во Русија. Нели е одличен? Конор Мек Грегор е вистински рогоносец. Нема друг како него. Тој тренира за боксерска средба со Флојд Мејведер, а мисли и за ММА дуел со Хабиб во Русија. Како да не го сакаш? Како да не го сакаш извонредниот Мек Грегор?“
Нурмагомедов во моментов е еден од топ борците на Русија.
Допрва ќе видиме дали Мек Гргеор ќе се врати на ММА борбите по боксерската средба со Флојд која ќе го направи најверојатно вториот човек по богатство меѓу спортистите во боречките спортови.
Се разбира, по Мани,.
А во врска Нурмагомедов – тој има незавршена работа со Тони Фергусон. Иако се смета дека има некој дил меѓу Конор и Вајт во врска со бокс мечот со Мејведер на кој треба да заработи околу 100 милиони долари.