Завршувањето на судскиот случај на Конор Мек Грегор несомнено предизвика задоволство кај водечките луѓе на УФЦ.
Така, Дана Вајт го спореди Ирецот со најпознатите боксери во историјата Мухамед Али и Мајк Тајсон. Таквите споредби не се ништо ново за УФЦ. Кој било борец за кого промоцијата ќе одлучи дека е вистинско време ќе биде „најголемиот на сите времиња“ и ќе добива слични епитети, како и Ронда Русеј, Андерсон Силва или Деметриус Џонсон.
„Тој е мојот Али. Тој е мојот Тајсон. Експлодира на сцената и веднаш кога седнав со него, знаев дека тоа дете ќе стане ѕвезда. Не знаев дали ќе знае да се бори и не знаев дали ќе може да ја освои титулата, но знаев дека ќе биде ѕвезда“, рече Вајт
Слична споредба изрече и поранешниот сопственик Лоренцо Ферита кога по победата над Денис Сивер го нарече Мек Грегор „ирски Мухамед Али“.
„Озлогласениот“ се враќа на борилиштето на 6 октомври. На УФЦ 229 во Лас Вегас против Хабиб Нурмагомедов ќе се обиде да си го врати шампионскиот појас во лесна категорија.
Your OFFICIAL #UFC229 poster is here! pic.twitter.com/s5q4Ot8ICu
— UFC (@ufc) August 23, 2018
https://youtu.be/8Mn_GeyB_Xc
.