Поранешниот шампион во Белатор, Мајкл Чендлер неодамна доби можност да се бори за титулата во лесна категорија на УФЦ. Американскиот борец не успеа да се искачи на тронот на најсилната ММА организација, губејќи на настанот УФЦ 262 во Хјустон со прекин во втората рунда против Бразилецот Чарлс Оливеира.
Чендлер изјави дека не се откажува од титулата и дека сака повторно да го нападне шампионскиот појас. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт истакна дека би бил многу среќен да ја организира борбата против Џастин Гејџи кој ја имаше последната борба во октомври минатата година против Хабиб Нурмагомедов, притоа загуби.
„Постојат неколку комбинации, а тој би можел да се бори против Гејџи. Ништо сè уште не е договорено, но тоа би било голема борба. Борбата меѓу Чендлер и Гејџи би бил многу забавна“, изјави Дана Вајт.
Новиот шампион Чарлс Оливеира ужива во славата и титулата, а на патот кон тронот му беа потребни 11 години во УФЦ. Дали победникот од судирот меѓу Дастин Пориер и Конор Мек Грегор закажан за 10 јули ќе биде предизвикувач на Оливеира?
„Ќе видиме за тоа. Знам дека Чарлс Оливеира ќе го гледа тој меч од првото место“, подвлече шефот на УФЦ, Дана Вајт.