Вајт: Масвидал и Џонс имаат долгорочни договори

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт не е секира од тоа што големите sвезди на организацијата објавија бојкотот. Во последниве денови, Џон Џонс и Хорхе Масвидал не се задоволни од платите во УФЦ и побраа да ги ослободат за да се борат во други организации. Конор Мек Грегор пак објави дека се повлекува од ММА бидејќи УФЦ сакаше да го прегази.

УФЦ се во незгодна ситуација, затоа што се критикувани за постапките за време на Ковид-19. Сепак, Дана не е заинтересиран за критиките и рече дека неговите sвезди не треба да се борат ако не сакаат. УФЦ најверојатно нема да ги ослободи Џонс и Масвидал откако Дана објави дека двајцата имаат долгорочни договори.

„Она што го правам сега е една од најтешките работи што сум ја направил. Многу луѓе ме критикуваат во моментов, но се уште сме тука. Една од убавите работи во нашиот спорт е тоа што не мора да се бориш. Ние не сме НБА и НФЛ, кои те задолжуваат. Не мора да правите ништо ако не сакате. Ако има борци кои не се среќни и сакаат да се повлечат, сè е во ред, затоа што не треба да се борите.

Ако Масвидал, Конор и Џонс не сакаат да се борат, тогаш ги разбирам. Нема да зборувам дека тоа е лудост и такви работи, затоа што сè што се случува сега е лудост. Ги разбирам. Што се однесува до Масвидал, ние потпишавме долгорочен договор пред една година. Тој потпиша за 8 борби и има уште 7 кои треба да ги одработи. Мојот луѓе разговара со него, за да склучи договор, иако тој веќе го има.

Џонс има и околу 7 битки. Тој исто така потпиша со нас пред помалку од една година. Кажете што сакате, но тие имаат договори. Тие имаат договори кои се од неодамна, а не од пред години“, рече Вајт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON