Дана Вајт не крие дека Конор Мек Грегор е еден од неговите најголеми фаворити и секогаш е нежен кога зборува за него. „Озлогласениот“ не е активен во кафезот уште од поразот со Хабиб Нурмагомедов во октомври и очајно сака реванш. Мек Грегор веројатно наскоро ќе добие шанса, а Дана Вајт е подготвена да му дозволи да се вклучи како подоцнежна заена доколку некој од Хабиб и Дастин Поиер се повлече од главната битка на УФЦ 242 која ќе се одржи во Абу Даби на 7 септември.
„Да, разговарав со Мек Грегор пред една недела и сака да се врати. Во моментов го следи тоа што ќе се случи во септември. Хабиб и Пориер ќе се борат и сите знаеме дека сè може да се случи во овој бизнис. Мислам дека Конор чека и гледа што се случува, за да види дали ќе добие шанса во последен момент и ќе направи нешто“, изјави Вајт.
Мек Грегор веќе има една битка со Дастин Појер, во која го нокаутира на минута и 46 секунди во 2014 година. Вајт секогаш го фали Мек Грегор дека е подготвен да се бори секаде и во секое време, а дефинитивно ќе му даде шанса ако нешто неочекувано се случи пред УФЦ 242.