Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, се вклучи во дискусијата за потенцијалнат борба помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор.
Настапувајќи во својот станден стил Вајт го предупреди Мејведер дека Мек Грегор има договор со него дека само тој е оној кој може да даде понуда.
„Не знам, целата оваа работа е многу чудна. Прво, да прекинеме со срањата. Мејведер не зборуваше со никого за оваа борба. Ако мисли со некој да зборува за борбата ќе разговара со мене. Јас сум промотор, Конор Мек Грегор има договор со мене. И тоа што зборува дека Мек Грегор не заработил 8 или 10 милиони долари за една борба – е неверодостојно, уште еднаш. И тоа е што мисли дека тој е А страна. Последната борба во која беше остави толку горчлив вкус во устите, така што никој не сака повторно да те види. Неговата последна борба продаде 350.000 ППВ, додека на Конор последните мечеви продадоа 1,3 и 1,5 милиони“.
„Не ми е јасно како мислиш дека си А страна? Има причина зошто толку очајно сакааш да се бориш со Конор Мек Грегор, бидејќи знаеш дека таа борба ти носи пари. И тој на тоа гледа како на лесен боксерски меч, но Конор Мек Грегор е неговата борба која му носи пари. И што му понуди тој 15 милиони … ќе ти кажам нешто: Еве вистинска понуда и од вистински човек, јас сум човек кој всушност може да даде понуда. И еве јат ти дадавам вистинска понуда. Ќе ти платиме 25 милиони, ќе му платиме на Конор 25 милиони и ќе разговараме за поделбата на pey-per-view. Еве ти вистинска понуда“.
Треба да се каже дека Мејведер повеќе од понудениот износ заработи за цела низа на борби пред да се пензионира. Во последната борба со Берт доби 32 милиони, без уделот на на ППВ.