Вајт изнесе детали за враќањето на Ронда, веднаш ќе биде „фрлена во оган“

Ronda i Vajt

Ронда Русеј не настапува од УФЦ 193,однонсо од борбата во која Холи Холм и ја одзеде титулата и и го нанесе првиот пораз во професионалната кариера. Денес, постојано се соочуваме со постојани шпекулации во врска со датумот на нејзиното враќање, како и противничката која ќе ќе ја дочека, а нешто повеќе детали откри Дана Вајт во интервју за ЕСПН.

„Ронда нема да се враќа до ноември. До тогаш може уште многу работи да се случат. Кој и да го поседува појасот во тој момент, веројатно, ќе биде нејзиниот следен противник“, рече Вајт.

Појас за кој зборува претседателот на УФЦ монетално е во сопственост на Миша Тејт, која за прв пат ќе го брани на јубилејниот УФЦ 200, на средбата со Аманда Нунес, Бразилката која ужива во серијата од три победи по ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON