Дилиен Вајт ќе се обиде да му се реваншира на Александар Поветкин во ноември. Ова го соопшти менаџерот на Британцот – Еди Херн, кој е одговорен за работите на светскиот шампион во ВБА, ВБО ИБФ ИБО, Ентони Џошуа. Агентот е категоричен дека двајцата ќе бидат подготвени повторно да се судрат, а победникот ќе стане официјален предизвикувач на Тајсон Фјури за титулата на ВБЦ.
„Мечот треба да биде пред оној на Фјури и Дионтеј Вајлдер. Само тогаш победникот ќе ја активира клаузулата за да се бори за појасот на ВБЦ. Инаку, Фјури или Вајлдер ќе можат да ја одложат одбраната и да бркаат средба за повторно обединување со Џошуа. Верувам дека ќе се договорат и Дилиен ќе биде подготвен за ноември“, рече Херн.
Самиот Вајт е убеден дека станал жртва на невнимание при нокаутот во петата рунда.
„Ме фати неподготвен. Го контролирав мечот, отидев кон победата, но во во тешка категорија тоа се случува. Го соборува два пати наподот, но ја потценив ситуацијата. Ќе одмарам неколку недели, а потоа повторно во рингот“, најави Вајт.