Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, призна дека двете најголеми ММА sвезди на планетата, Хабиб Нурмагомедов – Орел и Конор Мек Грегор се мразат. Првиот меч меѓу нив заврши со брутален скандал и масовна тепачка откако Русинот го покори непријателот.
„Хабиб никогаш не би рекол ништо убаво за Конор во интервју и обратно“, додаде Дана Вајт и рече: „Се мразат еден со друг“.
Нурмагомедов ќе ја брани титулата во лесна категорија на 18 април. Негов противник ќе биде Тони Фергусон. Доколку биде успешен, се очекува реванш со Конор Мек Грегор.